| четврток, 6 декември 2018 |

Незгодна повреда на Тиесто

Данскиот музичар Тејс Фервест попознат како диџеј Тиесто, незгодно ја удри главата од големиот лед-монитор при излегувањето на сцената во еден клуб во Сан Хозе.

Според присутните, тој толку лошо се самонокаутирал што по ударот бил видливо дезориентиран. Иако Тиесто инсистирал и покрај повредата да настапи, неговиот менаџер веднаш го однесол на болница.

Популарниот диџеј заработи неколку конци на главата, а по прегледот било констатирано дека претрпел и благ потрес на мозокот. Тиесто ќе мора да  одмора барем една недела, а сите други закажани негови настапи се откажани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top