| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ со трипати поголема поддршка од СДСМ

anketa parlamentarni1

39,7 отсто од граѓаните на претстојните парламентарни избори закажани за 27 април ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Според резултатите од анкетата спроведена од ЦИА – Центар за истражување и анализа, Друштво за истражување, анализа и маркетинг, за СДСМ би гласале  трипати помалку – само 13,5 отсто. За СДСМ довербата би ја дале само 13,54 отсто. За ДУИ се изјасниле 6,9 отсто од испитаниците, а за ГРОМ на Стевче Јакимовски 4,9 отсто. За ДПА ќе гласаат 4,4 отсто од анкетираните.

На избори ќе излезат 80,9 отсто од анкетираните. Само 9,5 отсто се изјасниле дека нема да го остварат своето право на глас на претстојните парламентарни избори

anketa parlamentarni

Истражувањето е спроведено по методот на теренско истражување, со интервјуирање на испитаниците лице в лице. Истражувањето е спроведено на примерок од 1.839 испитаници, а маргината на грешка е само 2,29 процента.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top