| четврток, 6 декември 2018 |

За неколку месеци ќе почне со работа првиот Ветерен парк во Македонија

Во петокот заврши поврзувањето со електропреносната мрежа на МЕПСО и паркот што го гради ЕЛЕМ во Богданци, откако претходно на 20-ти февруари заврши подигањето и монтажата на 16 ветерни турбини, пишува МИА..Ветерниот парк се очекува да испорачува најмалку 100 гигават часови природно одржлива енергија на годишно ниво, што е доволно да се обезбеди снабдување на над 60 илјади граѓани.

-Ветерниот парк е со инсталирана моќност од околу 37 мегавати со што ќе се добива нова количина енерегија произведена во Македонија од околу 100 киловат часови годишно или споредбено со нивото на една посериозна хидроцентрала како што е Тиквеш, истакна Пешевски.

Пешевски истакна дека се очекува во наредните два до три месеца Ветерниот парк да биде ставен во функција со што ќе протечат и првите киловат часови електрична енергија произведена со ветер. Вредноста на проектот е над 56 милиони евра од кои околу 80 отсто се обезбедени од германската КФВ Банка.

-Изградбата на Ветерниот парк е еден од проектите за искористување на сончевата енергија во Република Македонија, нешто што ќе претставува и туристичка атракција, рече Пешевски нагласувајќи дека Владата ќе продолжи со реализација на вакви проекти.

Директорот на ЕЛЕМ, Бошковски информира дека од вчера почнал тест периодот и приклучувањето на ветерниците на ниско, средно и високонапонската мрежа, односно дека за два-три месеци ќе може да се вклучат во електроенергетскиот систем.

-На овој начин ќе го зголемиме учеството на обновливи извори на енергија во вкупното производство на енергетскаенергија во Република Македонија, рече Бошковски.

Проектот за изградба на ветерни електрани во месноста Ранавец во близина на Богданци почна во мај минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top