| четврток, 6 декември 2018 |

Баба Марта: Од понеделник наоблачување, на планините снег

sonce-pa-dozd

Иако новата недела ќе за започнеме со релативно топло време, сепак тоа нема да биде и случај и во деновите кои што следат. Уште во понеделник попладне ќе започне наоблачување кое ќе донесе дожд прво во западните делови од земјата, а потоа со тенденција на нивно ширење кон исток во вечерните часови – вели прогнозата на Метеопро.

Вечерта во планинскиот регион во западниот дел од земјата можни се врнежи и од снег на надморска висина над 1600 метри.

Понеделник ќе донесе и доста ветровито време со повремен засилен ветер од југоисток. Максималната температура во земјава ќе биде во пад во однос на неделната за околу 3°С.

Веќе во вторник ќе бидеме под влијание на северно струење и нешто постудена воздушна маса. Температурата ќе има максимална вредност пониска во однос на понеделник за околу 6°С, односно во границите помеѓу 11°С и 17°С. Овој ден носи повремен локален дожд низ Македонија.

Повремен дожд и температура со максимум под 20°С не очекува и во деновите до крајот на работната недела. На повисоките планини, пред сѐ во западниот дел од земјата се очекува повремен снег.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top