| четврток, 6 декември 2018 |

Под геоглифот во Свети Николе се крие древно светилиште

bilazora

Под геоглифот во Свети Николе веројатно се крие древно светилиште. Ова го покажуваат првичните резултати од експертизата на овој дел од Овче Поле, кое во изминативе неколку дена го вршеа научници од светски глас во соработка со македонски стручњаци.

Според хрватскиот истражувач Домагој Николиќ, кој, всушност, го афирмираше овој феномен, археоакустичните и електромагнетни испитувања на теренот покажуваат дека постои некаква електромагнетска аномалија, која упатува на тоа дека е можно да се работи за свето место, храм, а можеби и гробница.

– Засега можеме со сигурност да потврдиме дека на подрачјето на геоглифот во Канада постои некаква електромагнетска аномалија која упатува на тоа дека можно е да се работи за свето место, а тоа се места кои ние, како експертска група ги проучуваме. Меѓутоа, за детална анализа мора да се причека некое време. Сите овие податоци во следниот период треба да се анализираат и сите параметри кои ги добивме треба да се измерат со други податоци со други места кои сме ги измериле претходно – изјавил Домагој Николиќ за дневниот весник „Вечер“.

BILAZORA-7-r3

Тој е задоволен од истражувањето, особено поради фактот дека сите овие истражувања се поклопуваат со неговите очекувања. Точните резултати од анализата ќе бидат познати за околу два месеци. Хрватскиот истражувач постави хипотеза дека под геоглифот се крие гробница на крал од династијата на Александар, односно дека според народните преданија е можно тука да се крие и гробот на македонскиот крал и големиот војсководец Александар Велики.

BILAZORA-4

Освен геоглифот оваа група истражувачи работеше и на локалитетите Бела Зора (Кнежје) и на Мегалитскиот ѕид зад Богословец, кај народот познат како Ѓаволски ѕид. Работите се извршуваа под раководство на проф. д-р Драги Митевски. Интересно е да се спомене дека странските експерти што се вклучени во неинвазивното испитување на теренот претходно работеле на голем број локации во поранешните југословенски простори, но и во Египет, Судан, Иран, Малта, Италија, Велика Британија и др.

Извор: Вечер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top