| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот Иванов засади дрвце во Дузлак (фото)

ivanovposeta

За време на престојот во Штип, претседателот Иванов се сретна со жителите на населбата Дузлак, со кои поразговара за тековниот живот и проектите што се реализираат во населбата и во градот.


Во населбата Дузлак е формиран вториот по големина парк во Штип. Станува збор за локација што вклучува две спортски игралишта, клупи, фонтана, патеки, парк на фармацијата и ботаничка градина.

Исто така, уредена е едната страна од патот меѓу населбите Баби и Дузлак и поставено е осветлување.
Во тек е уредувањето на ботаничката градина.

За време на посетата на Дузлак, претседателот Иванов, во присуство на градоначалникот на општина Штип Илчо Захариев, засади дрвце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top