СВР Скопје поднесе кривична пријава за дваесет и двегодишниот В.Р. поради постоење основано сомнение дека сторил две кривични дела недозволено држење на оружје и распрскувачки материи и тешка кражба.
Од МВР денеска соопштија дека пријавениот на 4 март на бул.„Македонско Косовска Бригада“ во близина на крстосницата со ул.„Џон Кенеди“ додека се возел со автомобил, бил запрен од полициските „алфи“, возилото било прегледано, при што кај В.Р. во појасот од панталоните пронајден е еден пиштол марка „ЦЗ“99 (црвена застава) и една рамка со шест куршуми калибар 9 мм кои неовластено ги држи со себе. Со потврда за привремено одземени предмети од пријавениот одземен е пиштолот и рамката со куршуми.
Пријавениот извршил тешка кражба, на 26 февруари годинава на ул.„Методија Митевски“, кога од стан украл еден службен пиштол марка „ЦЗ “99 (црвена застава) црна боја и една рамка со 15 куршуми калибар 9 мм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.