
Децата од здружението на граѓани за помош и поддршка на лица со Даунов синдром денеска беа во посета на Општина Центар кога се одбележува Светскиот ден на Даунов синдром, 21 март.

Тие се дружеа и разговараа со градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски. Градоначалникот ги информираше што значи општина, како работи, како функционира.
– И не само денеска, нашата грижа за вас ќе биде континуирана. Вратите на Општина Центар секогаш ви се отворени – им рече Жерновски и се договорија веќе в понеделник, вработените од Општината заедно со децата од ова здружение да учествуваат во акција за раззеленување на општината.

Стефан, кому му се виде удобна градоначалничката фотелја, заедно со Коста и со Кристијан, ќе учествуваат на специјалната олимпијада во Белгија. Се пофалија дека ќе се натпреваруваат во пливање и во атлетика.

На покана на Жерновски, децата од здружението заедно ќе го следат кошаркарскиот натпревар на Работнички – МЗТ Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


