СВР Скопје по целосно документирање на случајот ќе поднесе кривична пријава за В.Л.(59) од с. Љубин, Н.Н.(41) и за Б.С.(36), двајцата од Скопје, за сторени кривични дела напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста и спречување службено лице во вршење службено дејствие.
Имено, на 14 март, околу 3.15 часот, на бул. „Партизански одреди“ полициски службеници од ЕПОИ „Алфа“ додека вршеле патрола забележале патничко возило „нисан“ кое се движело неконтролирано и со голема брзина поминало на црвено светло.
Полициските службеници со употреба на светлосни и звучни сигнали го сопреле возилото, а откако од него излегле пријавените, почнале вербална расправија, по што В.Л. и Н.Н. физички ги нападнале полицајците, додека Б.С. ги трукала и влечела полицајците. Пријавените биле лишени од слобода, при што од извршено алкотестирање е утврдено дека имале алкохол во крвта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.