| четврток, 6 декември 2018 |

Во Мислешево – родното место на Кајмакоски (ФОТО)

Во пресрет на големото финале на „Икс-фактор“, „Нетпрес“ го посети Мислешево, Струшко, родното место на Даниел Кајмакоски, единствениот македонски претставник на шоуто.

kuka-1

Жителите на Мислешево се горди на Кајмакоски и во голем број ќе појдат во Белград за да му дадат поддршка. Кога се емитуваше „Икс-фактор“,  во кафулето „Арена“ беше како на фудбалски натпревар. Организирано гледаа и навиваа за негов успех, пишува „Нетпрес“.

Даниел Кајмакоски од Мислешево си заминал на шестгодишна возраст. Заедно со неговите родители и двајца браќа живеат во Виена. Во родното место се останати само неговата вујна и двајцата братучеди. Неговиот вујко, на кого Даниел наликува, исто така, е во Виена. Приказната за него ја раскажа токму Данијела, неговата вујна.

kuka1-650x396

– Поради егзистенција на неговото семејство, заминаа во Виена, Австрија. Но, секој зимски одмор, Нова година, налето, Велигден, тие си доаѓаат. Даниел особено е врзан за Македонија, тој сака да работи тука – изјави Данијела.

Таа додава дека кога налето Даниел доаѓа во Мислешево, времето го поминува на плажа, а навечер, пак, се собира со друштво во неговата куќа, каде што свири и пее. Се дружи со другарите кои ги има во Мислешево, Струга и во Скопје.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top