Лето господово 1914 според Заевиот календар Мендух Тачи објави дека на Заев не само што не може да му се верува туку ни број да не му се дава. Познатиот смс писател Зоран Заев решил на најдипломатски начин да го замоли Тачи да закажат средба. Понесени од ова ниво на комуникација ќе ви понудиме еден брз курс за пишување лидерски смс пораки.
Лекција 1
Пораки се пишуваат половина час после полноќ, од причина што тогаш сите спијат и никој не може да ве шпиунира. Пораката треба да биде јасна и кратка во вид на наслов или вовед на комуникацијата која следи. Потпишете се со цело име и презиме и пишувајте исклучиво со големи букви. Така ќе покажете дека тоа што го пишувате е важно и дека не знаете каде се намалуваат буквите.
Лекција 2
Во случај другата личност не ви одговори во рок од 5 минути, што е многу чудно во тој период на ноќта, кажете му дека ќе му бидете вечен должник. Може еден ден да станете Премиер и тогаш ќе му се исплати што ви одговорил. Покажете дека вистински ќе се чувствувате должен. Потпишете се со цело име и презиме да не има уште некој со вашето име што му пишува во тој период па да ве смеша.
Лекција 3
Доколку не ви одговорил повторно покажете му дека ви е многу важно да се видите. Важно како на пример да го барате да рушите Влада и дајте му на знаење дека сте одлучен и точка. Обратете му се како кон претседател и точка. Молете го и точка. Молете го барем трошка да ви пружи од тоа што го барате и точка. Заблагодарете му се на крај и потпишете се со цело име и презиме зошто никако нема да знае кој го замолува на таков софистициран и дипломатски начин.
Лекција 4
Ако се уште не ви одговорил и после 4 часа од последната порака има големи шанси да мисли дека го барате за нешто небитно а не за рушење на Влада и слободно објаснете му за што се работи. Напишете све, нема никаква разлика дали ќе се видите или ќе пишете за таква работа. Кажете му дека и вашите пријатели ги сакаат неговите и тоа природно. Јасно дајте му на знаење дека сакате да се дружите со него и дека сакате да влезете во шемата бидејќи тој е вистинскиот. Не му оставајте простор да мисли дека сте никој и ништо кажете му дека некој од горе од повисоките ви има нешто кажано, така вашиот збор ќе добие на тежина. Попишете се со цело име и презиме во случај да не знае кој има контакти со повисоките.
Лекција 5
Доколку и после два саати не ви одговори најверојатно нема сигнал или уште не прочитал. Не се откажувајте, упорноста се исплати. Кажете му дека оние од карши се дружат и дека и вие можете да се дружите практично, бидејќи теоретски веќе се дружите преку пораките. Нафрлете му дека ќе има можност да се види со вас лично и дека вие сте многу значаен за сите, за да сфати со кого има чест и дека оваа прилика не треба да ја пропушти. Кажете му дека имате разборање за неговите одлуки да не мисли дека му правите притисок и искористете нешто од оние симболи со загради и точки (.)(.). Задолжително ставете некаков цитат од религиозен карактер за да знае дека со вас е безбеден на повеќе нивоа и дека имате разбирање дека му е тешко. Потпишете се со цело име и презиме за да знае дека и во тешкотиите не го оставате сам, до толку имате заеднички работи.
Доколку сте тинејџерка во очај што дечкото ја игнорира можете да ги искористите истите лекции на смс комуникација.
Мила ем весела
Мила ем весела
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст