– Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ ја намали прогнозата за рејтингот на Русија од „стабилна“ на „негативна“ поради растот на геополитичките и економските ризици – соопшти агенцијата.
Долгорочниот суверен рејтинг на земјата во странска валута е потврден на ниво „БББ“, а во национална валута на „БББ+“.
Намалувањето на прогнозата се должи на можните значителни економски и финансиски последици поради санкциите на ЕУ и на САД, се наведува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.