| четврток, 6 декември 2018 |

Србинка од ЦИА го испорачала најголемиот наркобос на Балканот

fibi novakovic

Поранешна агентка на ЦИА со српско потекло го организирала пренесувањето на најголемиот наркобос на Балканот од местото каде што бил уапсен до Подгорица, пишува српски „Блиц“.

Според нивните информации, транспортот на Шариќ бил извршен со авион на компанијата „Џенерал дајнамикс“ со која управува некогашната агентка Фиби Новаковиќ.

Летот со кој наркобосот беше довезен во Подгорица во меѓународната јавна база за податоци се води како „непознат“ на барање на сопственикот на компанијата.

Според информациите на весникот, Шариќ во изминатите години престојувал во Венецуела, Колумбија, Браил и Доминиканската Република, каде што и бил уапсен. Исто така, се верува дека ЦИА вршела притисок на тамошните наркокланови да го предадат на властите поради што наводно Шариќ ја загубил нивната поддршка.

Новаковиќ била поранешен офицер на ЦИА и висок офицер во Министерството за одбрана на САД во Пентагон. Од 2001 година преминала во „Џенерал дајнамикс“, компанија која се заминава со воена, авиоиндустрија и вселенска технологија, каде што од почетокот на годинава е генерален директор. Србинката го зазаема 75. место на листата на „Форбс“ на најмоќни жени. Во 2012 година имала приход од 6.887.772 долари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top