| четврток, 6 декември 2018 |

Павлески: Над 300 милиони евра приходи од странските инвестиции во 2014

bil500

Министерот за странски инвестиции, Бил Павлески за време на неговото денешно готување во вестите на Канал 5 телевизија, рече дека американска и германска компанија се заинтересирани за инвестирање во Македонија и веќе најавиле посета во Македонија со цел да се финализираат нивните потенцијални проекти.

Павлески посочи дека овие инвестиции се резултат на бизнис форумите што Владата на Република Македонија досега ги оствари во овие земји.

-Делумно овие компании се во производствениот сектор, посебно во автомобилската индустрија, компаниите се заинтересирани за инвестирање во индустриските зони, а една од компаниите е во услужната индустрија посебно во информатичката технологија. Компаниите досега имаат остварено посети во Република Македонија, но следната недела доаѓаат да ги финализираат нивните инвестиции во државата, посочи министерот Павлески.

Тој нагласи дека поволностите кои Владата ги нуди на странските инвеститори се обемни, посочувајќи ги како клучни макро економската и политичка стабилност на државата.

-Како резултат на ова доста компании што инвестирале во Република Македонија, посебно оние компании кои инвестирале со втора инвестиција во државата, инвестирале не само поради поволните услови во однос на ниските даноци и десетгодишното даночно ослободување, туку и поради стабилноста на самата економија, рече Павлески, кој додаде дека овие услови се повеќе ги привлекуваат компаниите да инвестираат во Македонија.

Во индустриските зони, нагласи, досега се вработени над 6.500 лица, а се очекуваат и над 10.000 нови вработувања, благодарение на нови 20 компании кои планираат да инвестираат во Македонија.

-Има и некои компании кои сеуште немаат најавено инвестиции, меѓутоа размислуваат да инвестираат и ако нивната инвестиција се реализира оваа година, таа бројка на вработени секако би била позначајна, додаде Павлески.

Павлески прогнозираше и дека вкупните приходи од странските инвестиции годинава би требало да бидат над 300 милиони евра, но потенцираше и бројката зависи од тоа дали најавените инвестиции ќе се реализираат во 2014 година.

-Јас изјавив дека конзервативна моја проценка е дека инвестициите за оваа година ќе бидат над 300 милиони евра, доколку се реализираат целокупната бројка на инвестиции. Ако некои од нив не се префрлат за во следната 2015 година, секако дека оваа бројка би била значително поголема, подвлече Павлески.

Целото гостување на министерот за странски инвестиции, Бил Павлески во вестите на Канал 5, во видеото во продолжение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top