| четврток, 6 декември 2018 |

Пипан во Загреб ќе го кандисува Илиевски да игра на ЕП во Словенија

Новиот селектор на македонската кошаркарска репрезентација, Алеш Пипан, ќе го кандисува Владо Илиевски да ја промени одлуката и да игра на европското првенство во Словенија, годинава.

Пипан со МЗТ Скопје во натпревар од АБА лигата ќе гостува во Загреб кај Цедевита, клуб за кој настапува македонскиот плејмејкер. Мечот ќе се игра во недела.

– Веќе реков дека на Македонија и се потребни сите расположливи сили за да може да стигне до добар резултат на Европското Првенство. Илиевски е квалитетен кошаркар со богато искуство и неговата помош сигурно би ни била добредојдена. Очекувам да се сретнам со него и да разговараме конкретно, се надевам дека тој ќе реши да продолжи да настапува за Македонија – изјави Пипан, за македонскиот спортски портал „Екипа„.

Илиевски претходно најави дека нема да игра повеќе за Македонија, но се надеваме дека Пипан ги има магичните зборови, за да го предомисли плејмејкерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top