Заврши Модната недела во Париз и ги претстави моделите за престојната сезона есен- зима 2014-2015 година. Француски модни куќи, авангарда, луксуз, Ели Саб, Готје, Лагерфилд, Диор, Валентино сѐ уште претставуваат висока мода и таргетираат богати клиенти. Нивните конкуренти, пак, Гучи, Ралф Лорен, Лансел веќе почнаа да работат модели и за средна класа. Жените кои се типични примери на средната класа ќе можат слободно да се прошетаат со квалитетни и модерни парчиња облека или додатоци во согласност со нивните просечни примања. Оваа вест во Македонија беше дочекана со особена радост и жените веднаш се опремија со фенси додатоци од линијата „Прет а порте за средна“. Голем љубител на овој тренд во Македонија е претставникот на средната класа госпоѓа Рада, прва меѓу еднаквите, која веќе ги набави првите модели кои прекрасно ѝ стојат.

Веднаш штом Радмила Шекеринска објави дека ќе ја врати средната класа во Македонија, автомобилската индустрија да не остане покусо од пазарот одма произведе нов луксузен автомобил за средна класа. Партијата на Рада ѝ го купи како знак на внимание, но и за пример на останатото членство дека иако е време на избори овие автомобили се купуваат без да ги осетите на буџетот. Идејата е да им се покаже на сите луѓе дека сите сме исти, дека сите можеме да изгледаме како од модна писта по улиците, па затоа да излеземе да се собираме непосредно и да шетаме по улиците по Скопје бидејќи овие чанти, овие коли и овие бисери ќе ги имаме сите. И ти можеш да бидеш средна класа! Средна класа е бомбона бизнис!
Мила ем весела
Мила ем весела
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


