| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот Иванов во посета на Кратово

Претседателот Ѓорѓи Иванов денеска го посети Кратово, при што оствари средба со жителите на овој град.
Иванов
Кратовци го поздравија претседателот Иванов и неговите досегашни активности и изразија поддршка за неговата натамошна работа.
На средбата со македонскиот претседател, жителите на Кратово разменија мислења околу можностите и потенцијалите со кои располага градот со цел унапредување на севкупните состојби и животот на граѓаните.
Во таа насока жителите посочија дека на градот му се потреби развојни инвестиции со цел зголемување на вработеноста кај младите, и разменија мислења околу можноста за туристички развој на Кратово, со оглед на големата историска вредност што ја поседува градот.ivanov_2

Претставниците на локалната власт во Кратово го запознаа претседателот Иванов со тековните проекти што се спроведуваат во градот како и со планираните зафати во иднина. Беше посочена инвестицијата во домот на културата „Д-р Лазар Софијанов“ и реконструкцијата на основното училиште.

ivanov 3

Претставниците на локалната власт посочија дека во претстојниот период ќе бидат реконструирани или изградени нови улици воселата во рамки на општина Кратово.
Граѓаните на Кратово изразија задоволство од реконструкцијата на регионалниот пат Кратово–Пробиштип, и ја поздравија изградбата на колекторски систем за речното корито на реката Кратовска.

ivanov 4

Во рамки на посетата на Кратово претседателот Иванов оствари средба со пензионерите од овој град, кои ја поздравија владината политика за грижа кон старите лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top