| четврток, 6 декември 2018 |

Шариќ и македонски Албанец во друштво на најбогатите мафијаши во светот

darko saric1

Балканскиот крал на кокаинот, Дарко Шариќ, е еден од најбогатите босови на подземјето во светот.

Ова го покажува класификацијата на реномираниот економски магазин „Форбс“, објавена во јуни лани, во која Шариќ е позициониран на високото петто место со богатство од околу 27 милијарди американски долари.

Тој и неговиот наркоклан, од бизнисот со наркотици, заработувале околу една милијарда долари годишно, а испрале околу 4 милијарди долари во Србија. Постојат сомневања дека неговата заработка, сепак, била двојно поголема, но тоа допрва треба да се докаже.

Според пишувањата на „Форбс“, на листата има и други балкански криминални босови. Така, на 10. позиција е рангиран албанскиот наркобос од Македонија, Даут Кадриовски, кој паднал за едно место во однос на претходната година, односно од 9. на 10. позиција.

daut-kadriovski

Неговиот сонародник од Косово – Насер Кељменди, е дисквалификуван откако бил уапсен, но пред приведувањето бил позициониран на 17. место на листата.

Kelmendi

Инаку, во рангирањето на „Форбс“, прв на листата на најбогати шефови на мафии е Русинот со украинско потекло, Семион Могилович, за кого се смета дека „тежи“ околу 54 милијарди долари.semion_m1

Зад него, на втората позиција, е рангиран кумот на сицилијанската Коза Ностра – Матео Месина Денаро, со богатство од 48,5 милијарди долари.

denaro

На третото место се наоѓа босот на кинеско-тајландската тријада Чанг Ан-Ло, попознат како Белиот Волк, со 42 милијарди долари.

chen

На четвртата позиција, односно едно место пред Шариќ, е водачот на мексиканскиот наркокартел „Синалоа“, Хоакин ел Чапо Гусман, со 35,5 милијарди долари.

chapo

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top