
Планската документација за изградба на ТИРЗ Делчево е изработена и усвоена од надлежните органи.
Започнатите геомеханички и хидролошки истражни работи продолжуваат според утврдената динамика и се очекува да завршат до крајот на април годинава. Паралелно со истражните работи течат и тендерските постапки за комплетирање на проектната документација и нејзина ревизија.
– Дел од владината програма за технолошко индустриските развојни зони во Република Македонија е и ТИРЗ Делчево. Со нејзината изградба очекуваме да се ублажи најактуелниот проблем во нашата општина – вработувањето, бидејќи повеќе инвеститори од Турција и од други западно-европски земји пројавија интерес за изградба на производни и преработувачки капацитети, во кои ќе се отворат неколку стотици работни места – вели градоначалникот на Делчево, Дарко Шехтански.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тешка сообраќајка на патот Македонска Каменица – Делчево
-
Марина Узунов од Кабинетот на Кочо Анѓушев именувана во УО на ТИРЗ
-
Крадец фатен на камера во Делчево: Ако некој го препознае нека помогне во истрагата (видео)
-
Трагедија во Делчево: 2-годишно дете и неговите родители загинаа во судир на автомобил со камион (видео)


