| четврток, 6 декември 2018 |

Другата страна на прозорецот – каде срцето најгласно чука

kniga

Виното велат ја опива душата го благословува телото, пулсира низ вените и го разживнува срцето – напиша м-р Ана Кондоклоцис во рецензијата за „Другата страна на прозорецот“ на Милица Пашовска.

Низ сонливото стакло и будното око, каде срцето најгласно чука, отворете ги прозорците од другата страна на животот – додава вториот рецензент Илија Мерковски.

pasovska

Ова е прва стихозбирка на Пашоска. Вели песните ги собирала и пишувала изминативе 2,3 години.

– Книгата е поделена на два главни дела. Поентата е секогаш да погледнеме од онаа друга страна на прозорецот, односно на животот. Наскоро, односно штом ќе се испечати збирката раскази „Неверства“ и страсти од истата издавачка куќа планирам да ја промовирам и стихозбирката – вели младата авторка Пашовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top