| четврток, 6 декември 2018 |

Порше ги награди вработените со по 8.200 евра

A
Порше минатата година оствари профит од 2,58 милијарди евра, или за шест отсто повеќе од претходната година. Токму затоа производителот одлучи вработените да ги награди со по 8.200 евра, пренесува The Local.

Претставниците на Порше ја одржаа својата годишна прес конференција во петокот во Штутгарт, на која зборуваше директорот Матијас Милер кој истакна дека минатата година била навистина добра за компанијата.

Со износ од 8.200 евра ќе бидат наградени сите работници на компанијата во Германија, со тоа што 600 евра од износот ќе бидат вклучени во нивниот фонд за пензија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top