
Патрик Кисер, инженер по биомедицина на Универзитетот Нортвестерн, е изумител на мала справа која може да донесе големи промени за интимното здравје на жените.
Ќе дојде до револуција на контрацепциските средства со оглед на тоа што наскоро оваа мала справа ќе се најде на пазарот. Во прашање е вагинален прстен, кој е создаден на Универзитетот Нортвестерн од страна на научникот Патрик Кисер и штити од несакана бременост, херпес и ХИВ.
Прстенот делува така што, по сместувањето во вагината, испушта антиретровирален лек т.е. тенофовир, како и контрацепциско средство – левоноргестрел кои во текот на 90 дена ја штитат жената од сите непожелни ефекти на сексот.
Доктор Кисер заедно со своите соработници 5 години работел на создавањето на овој прстен, водејќи сметка да биде од материјал кој одговара и да биде безбеден.
Со оглед на тоа дека прстенот има задача да испушта одредена доза на супстанци кои се заслужни за заштита од несакана бременост и сексуално преносливи болести, голем предизвик за целиот тим на Кисер беше токму дизајнот на самиот производ. Крајниот резултат беше прстен со дијаметар 5,5 сантиметри, кој за време на делувањето испушта 10 милиграми тенофовир и 10 микрограми левноргестрел.
Научниците веруваат дека овој прстен ќе направи вистинска револуција во женскиот контрацепциски свет, особено во земјите во развој. Нетрпеливо ги очекуваме првите импресии на дамите од целиот свет, зар не?!
Извор: Урбанмен
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


