| четврток, 6 декември 2018 |

Во Свети Николе енергија со неверојатна исцелителска моќ

Aleksandar_Mak

Какво богатство крие утробата на Овчеполието во следните три дена ќе треба да утврдат група научници кои од вчера започнаа со испитувања на геоглифот во непосредна близина на Свети Николе. Првите резултатите од тричасовното истражување покажаа дека е извесно дека на овој дел од Македонија има енергија која е еднаква на 22 килохерци и која одговара на локалитетите што имаат исцелителска моќ. Извесно е дека геоглифот, кој според независниот хрватски истражувач Домагој Николиќ еднаш во годината се пресликува со соѕвездието Кашиопеа, е знак дека токму тука се наоѓа гробница на некој познат пајонски владетел, па дури и на самиот Александар Македонски. Денеска и утре се закажани археоакустични и електромагнетни истражувања во Бела Зора Кнежје и Мегалитскиот ѕид кај народот познат како Ѓаволски ѕид. Локалитетите се безбедни, нема да се копа туку со фреквенција и ултразвуци од апаратите ќе се утврди што има под првиот слој. Опремата што се користи чини над 800.000 евра.

BILAZORA-1

Групата експерти од светско реноме, работат по иницијатива на хрватскиот истражувач Домагој Николиќ кој постави хипотеза дека во Овче Поле се наоѓа гробницата на големиот војсководец и освојувач Александар Македонски. Работите ќе се изведуваат под стручно раководство на проф. д-р Драги Митревски, а неговиот стручен тим е составен од директорот на Градскиот музеј во Свети Николе, Александар Арсов и археолозите Владимир Атанасов и Александар Нацев.
Интернационалниот експертски тим го сочинуваат Слободан Миздрак, Домагој Николиќ, Паоло Дебертоли, Велимир Абрамовиќ, Аристотел Тентов, Златан Аличевиќ, Хеики Саболаинен, Игор Томек и Никола Ристевски. Овој тим претходно истражувал во Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Србија, Италија, Велика Британија, Египет, Судан, Иран, Малта и на уште многу други локации. Во зависност од собраните податоци резултатите ќе бидат објавени во следните неколку месеци. Експертите вклучени во истражувањата в петок ќе одржат и предавања на Природно-математичкиот факултет во Скопје за нивните првични сознанија што ќе ги добијат од истражувањето.

bilazora

На почетокот на истражувањата вчера на геоглифот во Овче Поле присуствуваа медиуми, како и претставници од локалната власт кои со дозвола на Министерството за култура го поддржуваат истражувањето.
– Ова не се случува секој ден, се надевам дека по ова истражување ќе откриеме дел од мистеријата која предизвика голем интерес кај јавноста. Резултатите ќе бидат значајни за сите кои живеат на овие простори меѓутоа и за оние што сакаат да го видат тоа. Верувам дека експертите со успех ќе ја завршат својата работа, изјави градоначалникот на општина Свети Николе, Зоран Тасев.

Професор Слободан Мизра од Загрепскиот универзитет изјави дека со софистицираната опрема преку звуците и електромагнетното поле што ќе се следат ќе се докаже што всушност се крие под геоглифот, но и на двата други локалитети. Домагој Николиќ пак изјави дека му е чест и задоволство што групата експерти се наоѓаат во овој дел од Македонија и дека ќе ја потврдат неговата хипотеза.

Извор: Вечер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top