| четврток, 6 декември 2018 |

Русите ги исмејуваат санкциите на Обама: Другар Обама, што ќе направите со тие што немаат ниту сметки во банка ниту имот во странство? Или на тоа не мислевте?

Откако Барак Обама во понеделникот со смртно сериозен изглед и остар тон згрме од Белата куќа дека Русија скапо ќе ја чини „анексирањето“ на Крим и притоа најави санкции за 11 руски, украински и кримски службеници, следуваа лавина цинични и иронични рекации од луѓето кои се најдоа под санкции, кои главно вклучуваат забрана за патување во САД и блокада на имотот.

Меѓу нив е и Владислав Сурков, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, кој на еден руски новинар му рече дека единствено нешто што му се допаѓа од Америка е Тупак, а за слушање рап не му треба виза. Сурков вели дека за него е голема чест што се нашол на американската црна листа, а додава дека, освен легендарниот Тупак, ги сака и поетите Ален Гинзберг и сликарот Џексон Полок.

– За да ја видам нивната работа, не ми е потребна виза. Значи, не губам ништо – рекол Сурков.

 На слична линија е и рускиот вицепремиер Дмити Рогозин, кој на санкциите реагираше со цинични објави на „Твитер“. Напишал дека прво помислил дека некој се шегува во името на другарот Обама.

– Другар Обама, што ќе направите со тие што немаат ниту сметки во банка ниту имот во странство? Или на тоа не мислевте? – напишал Рогозин.

Директорот на Кремљ, Ашот Габрељанов, ги коментирал санкциите на телевизиската станица „Лајф њуз“, со следниве зборови: „Не само што не гризнаа некоја руска мечка, туку само ја заскокоткаа таа што сега хистерично се смее“.

Алексеј Навални, исто така, смета дека санкциите против руските службеници се смешни.

– Обама ни даде причина за смеа и само нѐ охрабри – рече Навални.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top