Краткиот филм „Влакна“ е селектиран на два фестивали во САД во официјална конкуренција и тоа на 47-то издание на „Ворлдфест Хјустон“ во Хјустон, Тексас, како и на „Норт Холивуд Синефест“ во Лос Анџелес, Калифорнија. Учеството на фестивалот во Хјустон за „Влакна“ ќе биде интернационална премиера, по неговото прикажување на фестивалите „Браќа Манаки“ и „Синедејс“ во Македонија.
„Ворлдфест Хјустон“ е трет најстар фестивал во САД и еден од најстарите во светот на кој секоја година се пријавуваат неколку илјади филмови од целиот свет, но за прикажување се селектираат стотина од филмовите во официјална конкуренција. Оваа година фестивалот се одржува од 4 до 14 април.
Непосредно по премиерата на „Ворлдфест Хјустон“, „Влакна“ ќе биде прикажан и пред публиката во Лос Анџелес на фестивалот „Норт Холивуд Синефест“, кој се одржува во познатите Лемли кина од 10 до 13 април.
„Влакна“ е трилер – приказна за детективка која истражува убиство на мало девојче со влакно како клучен доказ.
Филмот е во продукција на „Партес“, по сценарио и режија на Елеонора Венинова. Главните улоги во филмот ги толкуваат македонската актерка Ирена Ристиќ и српскиот актер Бојан Жировиќ, а играат и Слаѓана Вујошевиќ, Марија Арсенкова и Трајче Црвенов. Продуцент на филмот е Небојша Илијевски, директор на фотографија е Димо Попов, автор на музиката е Дејан Спасовиќ, сценографијата е на Филип Велковски и на Никола Анѓелковски, монтажата на Бошко Столиќ, а изборот на костими го направи Верица Андреевска – Спасовиќ.
„Влакна“ е поддржан од Филмскиот фонд на Република Македонија, а освен активистичкото вклучување на поголемиот дел од тимот во неговата реализација, остварувањето исто така активистички го поддржуваат и ОВС Индустрис, ресторанот „Антица“, „Лице в лице“ – регионалната платформа за активизам и Агенцијата за социјален адвертајзинг „Партес“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филмот „Очите на фотографката“ ќе го отвори третото издание на фестивалот „Богородичен покров“
-
Кина: САД ни држат нож под грло во трговскиот спор
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании
-
Сѐ помалку новинари кои работат во весници во САД