Во изминатите неколку дена, по повод отварањето на нивната прва компанија надвор до Италија, во посета на Македонија се директорот на италијанската комапнија ДФ Лабс, професор Дарио Форте и координаторот за равој на производи, Давиде Бошчироли.
Компанијата е светски позната во ИТ сферата во областа на сајбер безбедноста и форензичка анализа, чии клиенти се реномирани меѓународни компании меѓу кои и ИБМ, како и НАТО и други светско познати компании и институции. Во Скопје допатуваа за да ја регистираат компанијата и отпочнат со процесот на вработување. Бројката на вработени планираат да достигне најмалку 20 програмери, во моментот кога ќе ги најдат квалификуваните кадри.
Средбата се оствари како резултат на активностите на економскиот промотер Иван Илиев во Италија, кој ја претстави компанијата на министерoт Џери Наумоф, за време на неговата прва посета на Италија, во октомври минатата година.
– Ние ги поканивме да дојдат во Македонија. После неколкуте посети во текот на изминатите три месеци, горди сме да објавиме дека италијанската ДФ Лабс, ја заснова ДФ Лабс Интернационал во нашата земја. Ова е одличен пример на високо квалитетна и брзорастечка бизнис ориентирана компанија која може да донесе брза одлука за работење во Македонија. Овој проект ќе исплаќа надпросечни плати, ќе вработи млади талентирани дипломци и ќе креира трансфер на најнови практични знаења во технологијата – изјави Наумоф.
ДФ Лаб евалуирале неколку други земји, како Индија, Виетнам и Србија. Се одлучиле за Македонија како најконкурентни во оперативни трошоци, ниска бирократија, поволна даночна политика, како и добра ИТ инфраструктура. Исто од голема важност им бил и фактот дека е добро конектирана со регионот во кој работат.
– Ние се сретнавме со министерот Наумоф во Италија и бевме импресирани од неговите познавања за нашиот сектор и нашата компанија. Министерот веднаш ги препозна нашите потреби и уште на првата средба ги имаше скоро сите одговори ко ишто ни требаа. Што е најважно, добивме исклучителна поддршка од членовите на неговиоткабинет. Добиваме помош во секој момент и никогаш се немаме почуствувано сами. Ова треба да послужи за пример за многу земји, вклучувајќи ја и нашата – изјави Дарио Форте, сопственик и извршен директор на ДФ Лабс.
За време на пoсетата се остварија средби со претставници на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.АпостолПавле“ од Охрид, со кои разменија меморандум за соработка за отварање на лабораторија во рамките на универзитетот, во која ќе се ангажираат програмери за истражувања за одговор на инциденти и пробиени податоци. Се остварија и средби со деканот на Факултет за информатички науки и компјутерско инжинерство при Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ од Скопје, проф. ДимитарТрајанов, со кој се договорија за следните чекори за слична соработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Воспоставуваме иновативно производство: Следниот месец ќе бидат засадени првите насади на сортни цреши
-
Продолжуваме да се бориме за секое работно место: Инвестицијата ќе се протега на 250 хектари и е од исклучително значење за Дојран и Богданци
-
Нова нвестиција ќе отвори 130 работни места: холандската „Инофрут“ го презема „Aгролозар“
-
Директорката на „ЦераМетал“: Добрата бизнис клима и поддршката од Владата не поттикна да инвестираме во Битола