
Атланта и Перо Антиќ ја забележаа петтата победа по ред, овој пат против Торонто репторс со 118-113, по едно продолжение. Во регуларниот дел мечот заврши нерешено 106-106.
Финишот од натпреварот беше вистинска драма, но на крајот поумешни се покажаа кошаркарите од Атланта. Антиќ кој повторно беше стартер во тимот, постигна 8 поени, од кои трипати од слободни фрлања, еднаш од поле и погоди една тројка на 4 минути пред крај на продолжението, за водство на неговиот тим од 109-106. Притоа имаше и четири скока, а одигира и одлично во одбраната.
Најдобар во неговиот тим беше Пол Милсеп кој го имаше првиот трипл дабл во кариерата постигнувајќи 19 поени, 13 скока и 10 асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


