| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија со еден скијач денеска во Шладминг

Иако никој од нашите не ги мина квалификациите ФИС денеска ни овозможува да бидеме застапени на натпреварите на СП во алпско скијање

Антонио Ристевски е единствениот македонски скијач што ќе настапи во велеслаломот од Светското првенство што денеска се одржува во Шладминг. Во вчерашните квалификации ниеден од четворицата наши не ги заврши трките, но поради задолжителното учество на сите присутни нации на алпскиот мундијал, најдобриот македонец според ФИС, а тоа е Ристовски, ќе се појави на патеката во првата трка закажана за 9 часот.

Инаку во квалификациите Ристевски, Дардан Деари и Бесарт Иљази не ја минаа ни првата делница, а Гентијан Куртеши не се појави на стартот од втората трка. Ристевски денеска ќе биде со стартен број 75.

В сабота нашите имаа квалификации за неделниот слалом на кој, ако не се пласираат меѓу првите 25 скијачи, ќе се натпреварува само најдобриот од македонската екипа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top