| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорѓе Иванов: Презедовме смели чекори и видовме дека можеме да успееме

Во своето годишно обраќање Ѓорѓе Иванов, меѓу другото се осврна на препреките и блокадите кои во изминатава година беа надминати.

-Наспроти пречките и блокадите, во изминативе години нашата меѓународна позиција зајакнува. Стекнуваме сè повеќе партнери, пријатели и поддржувачи во Европската унија, во НАТО, во светот.

Презедовме смели чекори и видовме дека можеме да успееме.

Како претседател го изразував државното единство и достојно ја претставував Република Македонија на меѓународната политичка сцена. Имав добра и конструктивна соработка со Собранието, со Владата, со сите ресори на извршната, законодавната и судската власт, истакна Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top