| четврток, 6 декември 2018 |

Евролига: Бо за теорија, Антиќ по четвртфинале

Денеска во најдоброто кошаркарско натпреварување на континентот настапуваат двајцата македонски репрезенативци

Бо Меккејлеб и Фенербахче вечерва во турскиот дуел од седмото коло во Ф групата од кошаркарската Еролига ќе се обидат да ја задржат тоеријата за четвртфинале. Фенербахче досега има само една победа, но противникот, истанбулскиот ривал Бешикташ има 0-6, што е шанса за нашиот плеј.

Опциите за завршниот елиминациски дел и за Фајнал форот на Перо Антиќ и актуелниот Европски првак Олимпијакос се подобри, а ќе станат и реални ако екипата од Атина денеска успее да го победи Химки на гости. Русите имаа ефект 4-2, а Олимпијакос 3-3. Последниот меч од денешната програма е тој меѓу Монтепаски и Каха Лаборал откако вчера беа одиграни пет средби во кои победуваа: ЦСКА, Ефес, Барселона, Уникаха и Жалгирис.

Еве ги синоќешните резултати:

ЦСКА –Барселона 86-69

Алба-Уникаха 65-67

Макаби-Барселона 77-82

Ефес-Реал Мадрид 74-72

Бамберг-Жалгирис 87-88(76-76)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top