Во рамки на посетата на Охрид, претседателот Иванов го посети и Пештани каде оствари средба со локалното население. Жителите ја поздравија посетата на македонскиот претседател, и го запознаа Претседателот со севкупните состојби во Пештани, како и со планираните проекти од страна на локалната самоуправа за дополнителен развој и напредок на ова туристичко место.
Во разговорите со претседателот Иванов граѓаните ги искажаа своите ставовите околу развојот на туризмот, и дадоа предлози за до-уредување на крајбрежјето на Охридското Езеро во овој реон.
Притоа укажаа на потребата за подобрување на патната инфраструктурата, при што беше изразено задоволство од планираната реконструкција и проширување на патниот правец Охрид-Пештани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани