Позиционирајќи ја општествената одговорност на врвот од агендата на своето делување, „Алкалоид“ склучи ново партнерство со Црвениот крст на Македонија, финансирајќи го ребрендирањето на Дневниот центар за дарување крв, како и натамошпното функционирање на истиот.
Главна цел на обновениот центар, е да се афирмира не само како место за дарување крв, туку и како база за едукација на потенцијалните крводарители и за разменување меѓусебни идеи и искуства во рамки на крводарителската дејност.
Денот на основањето на Црвениот крст на Република Македонија и Денот на крводарителството во македонски рамки, беа пригодно одбележани со промовирање на ребрендираниот Дневен центар во просториите на Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“.
Генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, во рамки на своето пригодно обраќање, истакна дека му претставува особена чест што компанијата којашто ја води, е дел од хуманата мисија на Црвениот крст на Република Македонија.
-Мисијата на „Алкалоид“ е апсолутно комплементарна со таа на Црвениот крст, во делот на грижата и помагањето на луѓето на кои тоа им е најпотребно. Нашата компанија и во иднина ќе помага и ќе го стимулира крводарителството, како една исклучително хумана дејност од секојдневното живеење – истакна Мукаетов.
Од Црвениот крст потенцираат дека покажаната и докажана поддршка од од страна на „Алкалоид“, претставува пример за тоа како треба да изгледа и да функционира една општествено-одговорна компанија во вистинска смисла на зборот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Алкалоид преку хуманитарен пикник донираше над милион и 50 илјади денари за Здружението „Животот со предизвици“
-
„Алкалоид“ со раст на консолидираниот извоз, нето добивка, инвестиции и 105 нови вработувања
-
„Алкалоид“ со позитивни финансиски резултати во 2017 година
-
„Алкалоид АД“ годинава со 9 отсто поголема добивка од лани и 92 нови вработувања за девет месеци