| четврток, 6 декември 2018 |

Каролина, Дани, Сара Мејс, Весна Бејби дел од кампањата за популаризација на читањето книги

citanje_knigi

„Читај повеќе – читај секаде“ е насловот на кампањата што ја организира „Клуб Матица“ за да го популаризира читањето книги, а во неа ќе учестуваат актери, пејачи, водители. Кампањата почнува утре и ќе трае до 17 април за да се поттикне читањето. Во кампањата се вклучени Весна Бејби Петрушевска, Атанас Николовски, Дани Димитровска, Димитар Андоновски, Сара Мејс, Каролина Гочева, Димитар Атанасовски…

Тие утре бесплатно ќе делат книги на улица, а читателите ќе имаат можност да се сретнат и да разговараат со писатели.

– Дополнително, ни претставува огромна чест да објавиме дека проектот „Читај повеќе – читај секаде!“ е првиот проект кој успеа да обедини голем број македонски компании и македонски познати личности околу една цел: да ја покажат својата одговорност кон општеството во кое дејствуваат. Дополнително на оваа акција се приклучи и Министерството за култура, кое, исто така, несебично го даде својот придонес за успех на кампањата. На утрешниот настан, покрај организаторот на оваа кампања, Дејан Павловски од „Клуб Матица“, и министерката за култура, Елизабета Милевска-Канческа, ќе бидат присутни  и повеќето македонски автори, претставници од македонските компании кои се приклучија на проектот, како и голем број познати личности – велат од издавачката куќа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top