| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета: Кое работно време најмногу ви одговара?

rabotno vreme

Во минатото кога работев од 7 изутрина до 15 часот попладне го имав целото време за себе и за моето семејство. Ќе се вратев дома околу 15.30 часот, имав време да направам тазе ручек за децата, да одмориме, а вечерта да отидеме на
гости кај роднини и пријатели или да проследиме некоја претстава, концерт или друг настан. Откако се смени саатницата, се враќам дома доцна попладне, веднаш се стемнува и едноставно како да не постои време за ништо. Ретко одам на гости
или ми доаѓаат, а уште помалку сум на настани од културата и забавата – вели соговорничка за Телеграф.

Од друга страна, пак, се оние кои со мака стануваат наутро. Велат ќе работам и до 19 часот, само не ме терај да станам во шест.

– Работам од 8 часот. И мака ми е станувањето наутро пред 7 часот. Да почнува работното време од 9 часот, би било идеално. Тој еден час спиење многу ми значи, без разлика кога сум легнал претходната вечер – вели Ненад.

Република оваа недела ве прашува

[poll id=”93″]

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top