| четврток, 6 декември 2018 |

Во Кичево ќе се отворат нови 1.000 работни места

gruevskisobranie_11

Во Кичево ќе се отворат нови илјада работни места, и тоа преку компанија која произведува воздушни перничиња за автомобили. Ова го најави премиерот Никола Груевски во интервјуто за дневникот на ТВ „Сител“.

Тој најави дека оваа година се очекуваат 20 странски компании да почнат со процесот на инвестирање во нашата земја.

Груевски зборуваше за најавената инвестиција во Велес на компанијата „Макарт“, која ќе отвори од 600 до 700 работни места, како и инвестицијата на компанијата „Амфенол“ која е сместена во Кочани, а која најавува околу 2.000 вработувања.

Премиерот говореше и за украинската инвестиција, која купи три концесии за рудници, а преку истата ќе се овозможи вработување на 400 до 500 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top