| четврток, 6 декември 2018 |

Расим го пречека претседателот Иванов

иванов пласница

Осумдесет годишниот Расим во кичевска Пласница попладнево го пречека претседателот на државата Ѓорге Иванов.

Со насмевка на лицето Расим го поздрави Иванов, додавајќи дека е првиот македонски претседател кој ја посетил Пласница. Расим и останатите жители на селото, кои во најголем дел се од турска етничка припадност, изразија поддршка за досегашни активности на Претседателот , како и за неговата еднаква посветноста на сите етнички заедници во Република Македонија.

Во рамки на посетата на општина Кичево, Иванов ги посети и жителите на село Другово, а посетата на Кичево македонскиот претседател ја започна со средба со група стопанствениците. На средбата, претседателот Иванов предложи заеднички настап на бизнисмените, здружување и укрупнување на бизнисот, со цел пробив на пазарот и подобрување на нивната конкурентност. Претседателот на Регионалната стопанска комора, Игор Соколески изрази задоволство од интересот на македонскиот претседател за активностите на стопанствениците, за неговите редовни средби со бизниз заедниците и помошта во нивно поврзување и организирањето на бизнис форуми.

Кичевските бизнисмени ја поздравија изградбата на автопатот Кичево – Охрид и се согласија дека вложувањата во патната инфраструктура ќе придонесат за дополнителен развој на кичевскиот регион, со тоа што ќе овозможат подобри услови за развој на бизнисот и ќе го направат попривлечен за инвестиции. Претседателот Иванов синоќа во Кичево се сретна со тимот од НР Кина што ги врши подготовките за изградбата на автопатот Кичево – Охрид, инвестиција вредна 375 милиони евра, чија реализација е значајна не само за југозападниот дел од државата, туку за Република Македонија во целост. Покрај Кичево, Иванов денеска имаше средби и со граѓаните на Струга, при што ги посети селата Мислешево, Враништа, Лабуништа и село Беровец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top