| четврток, 6 декември 2018 |

Бродовите без грчко знаме ќе плаќаат данок

сопственици на бродови, што пловат под странско знаме, да плаќаат даноци во Грција

Flag_water_shipГрција ќе бара од грчките сопственици на бродови, што пловат под странско знаме, да плаќаат даноци во Грција. Тоа ќе биде преседан во последните децении и покрај тоа што даночниот режим во овој значаен сектор за земјата и натаму останува привлегиран. Ваквата вест ја пренесоа француските медиуми, кои се повикаана извор од грчкото Министерство за трговска флота.

По постигната спогодба за взаемна согласност меѓу владата и бродосопствениците, оваа законска положба што, под идентичен режим, е останата речиси непроменета од 1955 година, сега е вклучена во предлог законот за даноци, што се очекува грчкиот парламент вечерва да го донесе. Измените во законот предвидуваат фиксираниот претходно утврден данок за грчката флота во зависност од тонажата да ги опфати како грчките сопственици на бродови, што пловат под странско знаме, така и странските бродски компании, стационирани во Грција. Според изворот од Министерството за трговска флота, еден голем дел од грчката флота, што плови под странко знаме, влегува во оваа категорија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top