| четврток, 6 декември 2018 |

Северна Кореја лансираше 10 ракети со краток дострел

северна кореја

Северна Кореја испука денеска 10 ракети со краток дострел во насока кон Источното Кинеско Море. Тоа е нова демонстрација на сила како одоговор на заедничките воени маневри на Јужна Кореја и САД, јавија јужнокорејски медиуми.
Ракетите паднале во море по 70 км. лет. Северот ги оквалификува воените маневри како „проба за инвазија“.
Маневрите ќе траат до 18 април и во нив учествуваат 7.500 американски војници. Во Јужна Кореја се стационирани 28.500 војници на армијата на САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top