| четврток, 6 декември 2018 |

Референдум за отцепување и во италијанската област Венето

karte-venetien

Во италијанската област Венето, во која се Венеција и околината, почна денеска референдум за отцепување од остатокот на Италија, кој ќе трае до 21 март.
Активистите тврдат дека најновите анкети покажуваат оти за прекин на врските со Рим се 65 отсто избирачи во тој регион во кој се и градовите Тревизо, Виченца и Верона.
Тие велат дека се инспирирани од примерот на Шкотска и од Каталонија.
– Ако мнозинството гласа за независност, имаме експерти кои подготвуваат прогласување независност и фирми во регионот кои велат дека ќе почнат да плаќаат данок на локалните власти наместо на Рим, вели Лодовико Пјацати, портпарол на движењето за независност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top