Актерот и комичар Стив Мартин стана татко првпат на 68 години .
Медиумите објавија дека Мартин и неговата сопруга Ен Стрингфилд (41), новинарка на „Њујорк тајмс“ добиле принова во декември минатата година.
Двојката е позната по чувањето на својата приватност, но неодамна е видена како се шета со бебе во Лос Анџелес.
– Добија бебе, но никој не знае како успеаја да ја сочуваат тајната – изјави неименуван извор.
Стив и Ен се венчаа во јули 2007 година по три години заеднички живот. Мартин пред тоа беше во брак со актерката Викторија Тенант од 1986 до 1994 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.