| четврток, 6 декември 2018 |

Филмскиот фонд на Македонија на светскиот собир во Израел

filmski fond

Македонскиот филмски фонд ќе учестува на меѓународнскиот собир на кој ќе учестуваат претставници од 20 филмски фондови. Настанот ќе се случува од сабота до понеделник во Израел.

Ќе има претставници од 20 филмските фондови од кои десет  од Европската унија и уште толку од земји кои не се членки на Унијата. Во текот на дводневната работа ќе се разменат искуства,  ќе се разговара и за договорите на Светската трговска организација и нивниот потенцијал на влијание на системот на финансирање на филмови, како и за поддршката за дистрибуција и автоматската поддршка. Ќе се дефинираат најдобрите искуства и ќе се постават клучните елементи за остварување на целите за подобар развој и соработка на филмските фондови.

Македонија учествува на овој голем собир на покана на организаторите ACE од Франција и Израелскиот филмски фонд рече директорот на Филмскиот фонд на Македонија Дарко Башевски.

Македонија на собирот ќе го претстави својот систем на поддршка за филмовите изграден како компилација на собрани искуства од над 20-тина филмски фондови, развиен како уникатен систем.

– Ќе го презентираме нашиот систем кој е направен по посетата на 20 филмски фонда. Од сите тие процедури и регулативи е изграден нашиот систем којшто е уникатен. Кај нас е направена компилација клучно земена од искуствата од Австрија и Израел. Процедурите на давање на поддршка за развој и она што се вика враќање на средства кај нас е унифицирано сосема поинаку од другите земји – рече Башевски. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top