Во рамки на престојот во Тетовско, претседателот Ѓорге Иванов денес ги посети и жителите од селата Лешок, Јегуновце и Непроштено.
Со посетата на Лешочкиот манастир и Шарената џамија претседателот Иванов уште еднаш ја потврди неговата посветност за зачувување на духовноста и традицијата и за унапредување на различностите и меѓу-етничкиот соживот во Република Македонија.
Во село Лешок, жителите му приредија топло добредојде на Иванов и ги поздравија неговите чести посети на ова село. Покрај Лешочкиот манастирски комплекс, Иванов ја посети и Специјалната болница за белодробни заболувања и ТБЦ .
Во Тетово, Иванов прошета низ центарот на градот, каде го пречекаа жителите на овој град. Со Тетовчани македонскиот претседател испи чај пропратен со разговор за актулените случувања во градот. Се разменија мислења за убавините на Шара и можностите за целосно искористување на туристичките потенцијали. Воедно, се разговараше за тоа како заеднички да се придонесе за економски развој на Тетово и да се создадат услови за да младите имаат просперитетна иднина.
Во соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, Иванов оствари средба со митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија, Јосиф.
Во градот каде со векови наназад заеднички живеат различни етнички заедници, Иванов ја посети и Шарената џамија, каде беше пречекан од старешината на џамијата, имамот Абдулаким Касами.
Во разговорите, Иванов порача во духот на вековната традиција на соживот, да ја негуваме толеранцијата, меѓусебно да се почитуваме и помагаме. Порача дека етничките и верските различностите треба да бидат предност и причина за поголемо единство во државата, а не мотив за раздор и нетолеранција.
Сиричино, Јегуновце, Непроштено, се тетовските села со чии жители Иванов денеска имаше можност да се сретне. Локалното население ги пофали проектите на Владата со цел подобро образовние, подобро здравство и инфраструктура. Истовремено ги споделија и предизвиците со кои секојдневно се соочуваат и разменија предлози со цел подобрување на условите за живот во нивните заедници.
Македонскиот претседател во рамки на денешната посета на полошкиот регион првиот човек на државата ќе го посети и Гостивар, Врапчиште и Брвеница, при што ќе оставри средба и со жителите на село Зубовце и село Галате.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани





