| четврток, 6 декември 2018 |

Поништена одлуката за Харадинај

Директорот на Инспекторатот за локална самоуправа Ванчо Шехтански ја поништил одлуката на Советот на општина Тетово, со која Рамуш Харадинај беше прогласен за почесен граѓанин на Тетово, јави Канал 5

Ramus-Haradinaj-vo-tetovo-1

Шехтански донел одлука и ја потпишал, а како што изјавил, поништувачката одлука ќе била објавена во законски предвидениот рок.

Одлуката на Советот на општина Тетово за Харадинај беше изгласана по предлог на градоначалникот на Тетово. Таа одлука беше донесена без Бадентеровиот принцип и во отсуство на македонските советници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top