Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Австралија и на Португалската Република во Република Македонија.
„Ја користам оваа прилика да искажам увереност дека и Вие со вашето дипломатско искуство и со Вашиот ангажман ќе дадете придонес за унапредување на односите и збогатување на соработката меѓу нашите две земји“, порача во поздравниот говор претседателот Иванов.
На средбата по повод предавањето на акредитивните писма од страна на новоименуваниот амбасадор на Португалската Република, Н.Е. г. Аугусто Хозе Пестана Сараива Пежото, претседателот Иванов изрази подготвеност за натамошно продлабочување на билатералните односи и збогатување на соработката во сите области од заеднички интерес.
„Наш примарен интерес е стабилноста и просперитетот на Балканот и неговото целосно интегрирање во Унијата. Се надевам дека можеме да сметаме на португалската поддршка во реализацијата на нашите стратешки цели, членството во НАТО и интеграција во Европската унија“ порача македонскиот претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево