Директорот на ФК Вардар, Ѓоко Хаџиевски, денеска се упати кон местото на несреќата каде што синоќа во тешка сообраќајна несреќа животот го загуби директорот на македонската фудбалска репрезентација, Петар Милошевски.
За да се извади беживотното тело на Милошевски од автомобилот било потребно повеќе од два часа бидејќи морале да интервенираат и пожарникарски служби кои требале да остранат дел од покривната конструкција.
За тоа време беживотното тело било во рацете на поранешниот македонски фудбалер Саша Ќириќ, кој цело време бил на местото на несреќата. За жал, по извлекувањето на телото докторите констатирале дека нема пулс и дека починал на самото место.
Ова го изјави Ѓоко Хаџиевски за канал 5.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.