Попладнево ќе се одигра првиот натпревар од 17. коло од првата македонска кошаркарска лига. Ова е претпоследно коло од овој циклус и победникот ќе ја заземе првата позиција во пресрет на Суперлигата. Работнички – Кожув својот меч го играат во салата во Градски парк од 17.30 часот. Двете првопласирани екипи меѓусебно одлучуваат кој ќе ја заземе првата позиција. Во Суперлигата ќе се пласираат петте првопласирани екипи од регуларниот дел од сезоната и МЗТ Скопје, кој е директен учесник меѓу шесте тима кои ќе разигруваат за титулата во домашното првенство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.