| четврток, 6 декември 2018 |

Јанакиески: Изградбата на делницата Велес – Скопје ќе почне летово

 mile-janakieski

Градежните работи за обнова на делницата Велес – Скопје ќе почнат кон средината на годинава, најави министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

– За реконструкција на делницата Велес – Скопје во финална фаза е изборот на градежна компанија и надзор. Очекуваме кон средината на оваа година да почнат градежните активности – најави Јанакиески за време на денешната посета на реконструкцијата на мостот кај Велес.

Се планира обнова на 23,5 километри од автопатската делница Велес – Катланово, а проценетата вредност на градежните работи е околу 8 милиони евра. На јавниот повик беа пријавени три компании, а извештајот од извршената евалуација е испратен до делегацијата на ЕУ. Беше обновен и автопатот на правецот Катланово – Велес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top