| четврток, 6 декември 2018 |

Нови 2400 грипозни

грипНови 2.400 случаи со симптоми на грип се пријавени во Институтот за јавно здравје во последната недела од сезонава,  што во однос на претходната недела кога беа регистрирани 1.800 случаи, претставува зголемување за 10 проценти.

– Трендот на  зголемување е присутен, но бројот на заболени е очекуван во оваа сезона, во којашто  секогаш е присутен грипот.  Она што се случува и во европските земји и кај нас е очекувано, изјави Благоја Алексовски, претставник на Институтот за јавно здравје.

Од вкупно 8.000 заболени од грип во сезонава, околу 80 проценти се заболени во последните три недели. – Во последната недела се 2.400, а во претходната недела 1.800, што значи дека трендот е зголемен,  а се очекува да се зголемува и во наредниот период ќе имаме уште повеќе заболени,  истакна Алексовски.

Најголем број заболени се регистрирани во Скопје, Тетово и во Куманово, а помал број во останатите градови. Веќе има зголемување на  бројот на регистрирани случаи кај школската популација.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top