| четврток, 6 декември 2018 |

Го­вед­ска су­па со кнед­ли

govedska-supa-so-knedli

Со­стој­ки:

500 гра­ма го­вед­ски ре­бра

1,5 ли­тар во­да

100 гра­ма зе­лен­чук за су­па: ко­рен од маг­до­нос, мор­ко­ви, це­лер, праз, жол­та ке­ле­ра­ба, до­ма­ти

Сол

Црн би­бер во зр­но

200 гра­ма кро­мид

Кнед­ли од сле­зи­на:

100 гр ис­чи­сте­на сле­зи­на

30 гр пу­тер

Јај­ца

Црн би­бер

Ма­јо­ран

Маг­до­нос

Сол, 60 гра­ма тро­шки од пре­пе­чен леб

4 ла­жи­ци во­да

10 гра­ма кро­мид

Мас­ло за ја­де­ње

Под­го­то­вка на су­па­та:

Ме­со­то се мие, се на­ле­ва сту­де­на во­да и се ста­ва да се ва­ри. Отка­ко ќе зо­врие, су­па­та се оста­ва уште еден час по­ле­ка да се ва­ри. За тоа вре­ме се чи­сти зе­лен­чу­кот. Сит­но изрен­да­ни­те ко­рен­чи­ња се пр­жат на мас­ло за ја­де­ње, за­ед­но со сал­ца­та од до­ма­ти. Та­ка ис­пр­же­ни се до­да­ва­ат во су­па­та. По­тоа во су­па­та се до­да­ва и дру­ги­от зе­лен­чук и за­чи­ни­те. Кро­ми­дот, пред да се до­да­де, се пе­че на вже­ште­на ринг­ла. Отка­ко ќе се до­да­де си­от зе­лен­чук, су­па­та се по­со­лу­ва и се оста­ва по­ле­ка да врие уште еден час. Ко­га ќе се сва­ри су­па­та, се оста­ва 10 ми­ну­ти да се из­би­стри и по­тоа се про­це­ду­ва низ гу­сто си­то.

При­го­тву­ва­ње на кнед­ли­те:

Во из­ма­те­ни­от пу­тер се до­да­ва жолч­ка­та, ис­чи­сте­на­та сле­зи­на, за­чи­ни­те и тро­шки­те од леб на­то­пе­ни во во­да. По­тоа во сме­са­та се до­да­ва кро­мид, сит­но исеч­кан и ис­пр­жен во та­ва на мас­ло за ја­де­ње и тврд снег од бел­ки. Се­то тоа вни­ма­тел­но се из­ме­шу­ва и од до­би­е­на­та сме­са со ла­жич­ка се об­ли­ку­ва­ат кнед­ли. Кнед­ли­те се ва­рат во су­па­та 15 ми­ну­ти на ти­вок оган.

На ист на­чин се при­го­тву­ва­ат и кнед­ли од црн дроб. Ме­сто сле­зи­на, се упо­тре­бу­ва ме­лен црн дроб.

По­крај до­да­то­ци­те за су­па во су­па­та се до­да­ва и ва­рен­ки со ме­со, ју­фки, ро­лат од ме­со и кнед­ли од гриз.

Су­па­та се слу­жи во чор­ба­лак и во неа мо­же да се до­да­де и коц­ка за су­па. Сил­на­та су­па се до­те­ру­ва со не­кол­ку кап­ки ко­њак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top