Ако неупатените во дипломатијата ги прочитаа насловите на дел од опозициските медиуми пред некој ден можеа да помислат дека лично британската кралица му посакала на Стево Пендаровски победа на изборите за претседател.
А, бомбастичните наслови дека Пендаровски се сретнал со странски амбасадори, всушност, е една голема шарена лага која треба да го убеди обичниот граѓанин дека Западот го поддржува кандидатот на СДСМ.
Не само што тоа не е точно, туку се работи за груба манипулација и со граѓаните и со луѓето што ја претставуваат својата земја во Македонија и кои ниту имаат мандат ниту желба јавно да го поддржат кандидатот на опозицијата.
А, Пендаровски не се сретна со влијателни амбасадори, дури не се сретна ни со амбасадор, туку со заменик-шеф на мисија на британската амбасада.
За разлика од третиот дипломатски ешалон со кој се среќава Пендаровски, вчера претседателот Иванов се сретна со шефот на дипломатската мисија на Велика Британија во Скопје.
Но, од тоа нема големи наслови, нема делириум кај неговите поддржувачи. Кристофер Ивон беше дел од настанот одржан во чест на учесниците на Лидерската школа, која се одржува под покровителство на Иванов.
Разлики во односот на Иванов и на Пендаровски има повеќе. Првата е во тоа што вториот се видел со трет дипломатски ешалон, првиот со амбасадорите на највлијателните земји.
Втората разлика е што кабинетот на Иванов од средбата со младите лидери не се ни обиде да направи медиумски настан иако лесно можел да го стори тоа.
И трето, за разлика од Пендаровски кој се среќава за да се сретне и потоа да има што да каже пред јавноста, Иванов учествувал на конкретен настан во вистински луѓе коишто четири години се дел од проект што може да биде од корист за Македонија, да даде нови млади луѓе за лидери на државата.
Предлогот за организирање на школата за лидери Иванов го дал уште во програмата кога се кандидирал за првиот мандат.
Пендаровски такви предлози од кои бенефит ќе имаат најучените и најинтелигентните млади граѓани на Македонија досега не дал. Освен ако за такви не ги сметаме седенките што во Србија и во Црна Гора ги имал неговиот поранешен шеф Бранко Црвенковски.
Сосема друго, но не помалку важно, е прашањето како на овие средби со странските дипломати се однесуваат двајцата кандидати за иден претседател.
За разлика од Иванов, кој неколку пати досега покажа дека, без разлика на големината на земјата или силата на институцијата која ја претставуваат дипломатите, секогаш имал принципиелен став и не попуштал во инсистирањето да ја истера правдата доколку биле нарушени националните интереси. Тоа на своја кожа го почувствувале и првиот човек на Европската комисија, Жозе Баросо, евроамбасадорите Фуере и Орав и сите оние што се однесувале навредливо кон македонската држава и идентитет.
Ако се суди според досегашните јавни настапи на Пендаровски во кои тој кривецот за ситуацијата во која се наоѓа Македонија речиси секогаш го наоѓа во власта може само да се замисли со каква сервилност тој се однесува кон дипломатите во земјава. Досега јавноста ни оддалеку не разбрала за сличен однос кон тие што кога тој беше советник на Трајковски и Црвенковски нѐ нарекуваа славомакедонци, а земјата ни ја нарекуваа со секакви имиња.
Не само претседателот, кандидатот за претседател туку и сите други јавни и обични личности мораат со огромна доза гордост, самодоверба и чест да ја претставуваат својата земја кога се среќаваат со странски претставници.
Кодошењето на сопствената земја, кукањето дека нема демократија, поплаките дека секогаш некој друг им е крив за тоа што ја немаат поддршката од својот народ и обвинувањето дека нема слободни медиуми додека секоја вечер сте на телевизија и на други медиуми не влегуваат во прифатливиот начин на однесување на кој било политичар.
(Р.Р)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст